Биографија

Биографија

Перо Ковaнцалиев од Скопје – Р.С. Македонија, е мултидисциплинарен ликовен уметник чие творештво е потикнато од идеата да се влијае на големите моќни наративи со ликовни интервенции и дела кои инспирираат и потикнуваат промени за одржлив развој. Со неговите дела наметнува еден  пацифичен начин на комуникација  и овозможува  видливост на маргинализираните теми потиснати  од големите индустрии. Ја нагласува потребата да се земат предвид последиците од нашите постапки и важноста на одржливоста. Говори по однос на насилната експлоатација од секаков вид, за неодржливите традиционални пракси и неолибералистички политики.  Идеата и намерата се почетокот, додека пак материјалот и техниката ги одбира во однос на темата за која ја обработува. Работи низ експерименталниот цртеж, сликарството, фотографијата, видеото, ликовната инсталација, скулптурата и кинетиката.


1982    Роден во Гевгелија, живее и работи во Скопје, Р.С. Македонија
2006    Дипломира на УКИМ, Факултет за ликовни уметности – Скопје оддел – Вајарство
2018   Завршил постдипломски студии на УКИМ, Факултет за ликовни уметности-Скопје оддел- Скулптура
Кованцалиев работи како самостоен ликовен уметник исто така работи и во областа на маркетингот и заштита на културното наследство

Контакт:
perokovancaliev@gmail.com

Самостојни ликовни изложби:
2024   За послушноста / Друштво на ликовни уметници на Битола / Битола
2024   За послушноста / Локален музеј – галерија Кавадарци / Кавадарци
2023   Послушност / Национална установа Центар за култура  „Марко Цепенков“ Прилеп 🔗
2023   Импулси, одблесоци, треперења/  ЈОУ Дом на култура Македонија /  Гевгелија
2022   Бисерно непознато /  „Фестивал на Светлината Скопје“ Градски парк /  Скопје 🔗
2021   Проосветлување / Двајца привремени / Дом на култура “Кочо Рацин” Скопје 🔗
2021   Политичка лиричност / Национална установа Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија 🔗
2020   Капиталистичка авантура / Дом на култура “Кочо Рацин” Скопје 🔗
2019   Ирационални бранови / Културен центар Пионерски дом, Гевгелија 🔗
2018   Човечност – изложба на тројца автори / Колектив Галерија, Скопје 🔗
2017   Живот како балон / НУ Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија 🔗
2017   365 кг. Живот / Национална установа Центар за култура „Марко Цепенков“, Прилеп 🔗
2015   Затегнатост на Празнината / НУ Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија 🔗
2014   Да или Не? / Национална установа Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија 🔗

Јавна скулптура:
2017   Гемиџи / Палата Гемиџии / Скопје
2010   Св.Климент и Наум Охридски / Плоштад Карпошово востание / Скопје

Мултимедијални фестивали:
2024    Артум / Ликовна изложба на повеќе автори / Дом на култура Македонија / Гевгелија
2024    Манифестација Смилевски конгрес / Двајца привремени / Смилево, Битола
2022    Фестивал на Светлината / Бисерно непознато / Скопје
2020    Бела Ноќ / Ирационални бранови 2 / Скопје
2019    Уметноста напаѓа / Ликовна изложба на повеќе автори / Куманово
2012    Бош Фестивал / Ликовна изложба на повеќе автори / Гевгелија
2010    Бош Фестивал / Ликовна изложба на повеќе автори / Гевгелија

Селектирани групни изложби:
2025    Просторни реадаптации 4 / Градска плажа – Скопје
2025    Моден викенд / ДЛУМ / Дајмонд мол – Скопје
2025    Боите на св. Трифун / Музеј галерија Кавадарци – Кавадарци
2024    Голем формат / ДЛУМ / Дом на АРМ – Скопје
2024    Експериментален цртеж ДЛУМ / Кунст Депот / Венеција
2024    Експериментален цртеж ДЛУМ / Куќа на Борко Лазески / Скопје
2024    Артвар 2 / НУ Завод и Музеј Битола / Битола
2023    Артвар 1 / Лингестес корнер / Флорина, Грција
2023    Мултикултурна / Амбасада на Р.С Македонија / Виена, Австрија
2023    ДЛУГ годишна изложба / НУ Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија
2023    Мал формат и Миниартура / ДЛУМ / Културно информативен центар – КИЦ, Скопје
2023    Вечното танго / Дом на култура “Кочо Рацин” Скопје
2023    Скулптури на новото време / НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ ,Куманово,
2023    Бајката и Бајковидното / Дом на култура “Кочо Рацин” Скопје
2023    Остен Биенале на цртеж / Национална галерија на Р. Македонија – Чифте амам, Скопје
2022    Современа скулптура / ДЛУМ / Галерија Арт Хаб, Скопје
2022    Голем формат / ДЛУМ / Културно информативен центар – КИЦ, Скопје
2022    Експериментален цртеж / ДЛУМ / Дом на култура “Кочо Рацин” Скопје
2022    Мал формат / ДЛУМ / Културно информативен центар – КИЦ, Скопје
2022    Годишна изложба / ДЛУГ / Дом на култура Гевгелија
2022    Спасовден / ДЛУГ / Дом на култура Гевгелија
2021    Јубилејна изложба 75 години ДЛУМ / Национална галерија на Р.С. Македонија Мала станица, Скопје
2021    МиниАРТура / ДЛУМ / Културно информативен центар – КИЦ, Скопје
2021    Мејл Ерт / Бахарие Арт / Истанбул, Туркие
2021    Мал формат / ДЛУМ / Културно информативен центар – КИЦ, Скопје
2021    Современа скулптура / ДЛУМ / Галерија Арт Хаб, Скопје
2020    Годишна изложба / ДЛУМ / НУ Мала Станица, Скопје
2020    Душата мисли во слики / Дом на култура “Кочо Рацин” Скопје
2020    Современа скулптура / ДЛУМ / Галерија Арт Хаб, Скопје
2020    МиниАРТура / ДЛУМ / Галерија Арт Хаб, Скопје
2020    Мал формат / ДЛУМ / Културно информативен центар – КИЦ, Скопје
2019    Скулптури на новото време / НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ ,Куманово, Прилеп
2019    Современа скулптура / ДЛУМ / МКЦ, Скопје
2017    Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица, Скопје
2016    Трансформација на сликата / НУ Музеј на современа уметност / Загреб, Хрватска
2016    Индоктринација / мурал од 35 уметници / Младински културен центар МКЦ, Скопје
2016    Патување / Мала станица / НУ Мала Станица, Скопје
2015    Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица, Скопје
2015    Скулптури на новото време, Куманово
2015    Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица, Скопје
2014    Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица, Скопје
2014    Експериментален цртеж / ДЛУМ , Прага, Чешка
2014    Паратиссима Скопје / Саем на современа уметност / Младински културен центар, Скопје
2014 -2023   Годишни изложби на ММЦГ / Мултимедиа центар, Гевгелија
2014-2023    Годишни изложби на ДЛУГ / Друштвото на Ликовни уметници на Гевгелија

Ликовни колонии и работилници:
2024    Артвар / Флорина, Грција
2012    Севлиево колонија / Севлиево, Бугарија
2011    Аполонија ликовна колонија / Гевгелија

Член на:
2021    Двајца Привремени
2017    ИКОМ / Меѓународниот совет на музеи
2012    ДЛУМ / Друштво на ликовни уметници на Македонија
2007    МMЦГ / Мултимедиа центар Гевгелија
2005    ДЛУГ / Друштвото на Ликовни уметници на Гевгелија

Награди:
2024    Награда – Голем формат / ДЛУМ / Скопје
2020    Награда – Современа Скулптура „Боро Митриќески„ / ДЛУМ / Скопје