365 кг живот


Дали активизмот може да биде уметност? Дали едно дело кое било во служба на некоја општествена утопија или кауза може истовремено да биде и уметничко дело? Дали едно дело кое не е свртено кон уметноста и не се труди да открие повеќе за нејзе или за себе, сеуште може да биде уметничко дело? Дали овие прашања кои уметникот си ги поставува може да бидат уметничко дело?

Затегнатост на празнината


Сликарското платно е премногу круто. Имам чувство дека каменот е многу ладен, а дрвото топло, железото остро, а видеото манипулативно. Ова се само моментални изливи на чувства… Еден навидум неконвенционален ликовен материјал веќе втора година го тегнам, растегнувам, стегам и затегам воодушевувајќи се на секој набор создаден од две или повеќе точки. Ликра… или Spandex е материјалот кој ми овозможува со негово распнување и затегање да го претставам притисокот кој се чувствува низ современото живеење.

ДА или Не


Автопотретно експресивно фабрикување на индивидуата – низ внатрешниот емотивен набој на Ван Гог преку серијалот на Ворхол со популарното селфи.
Секое наше ДА или НЕ менува нешто во нас или околу нас. Секоја одлука која ја носиме не одредува кој  сме, зошто сме, како личност и индивидуа во просторот и времето. Одложување на тој избор, пред кој секојдневно стоиме лице во лице го застанува времето.

Живот како балон


„Живот како балон„ е продолжение на уметничката концепција која започна со насловот „365кг Живот„ како инсталација која продолжува да се надополнува и трансформира во различни простори преку експонатите таканаречени Биобалони. Инсталацијата го одржува дискурсот за активизмот и политичноста во уметноста кој ја преиспитува моќта и улогата на уметноста и уметникот во општеството. Притоа се обидува да даде свој допринос во контекст на одржливиот развој со тоа што во фокусот е дадена една од многуте индустрии кои секојдневно се во трка за брз прогрес. Тие  ги минимализираат своите расходи применувајќи брутална експлоатација со цел зголемување на личниот профитот, а со што оставаат трајни негативни последици врз човекот и животната средина.