Биографија

Биографија

Перо Ковaнцалиев од Скопје – Р. Македонија, е мултидисциплинарен ликовен уметник чие творештво е потикнато од идеата да се влијае на големите наративи со ликовни интервенции и дела кои инспирираат и потикнуваат промени за одржлив развој. Со неговите дела наметнува еден  пацифичен начин на комуникација  и овозможува  видливост на маргинализираните теми потиснати  од големите индустрии. Ја нагласува потребата да се земат предвид последиците од нашите постапки и важноста на одржливоста. Воден e од идеата, а материјалот и техниката внимателно ги одбира во однос на тема за која говори. Работи низ експерименталниот цртеж, сликарството, фотографијата, видеото, уметичката инсталација, скулптурата и кинетиката.


1982 Роден во Гевгелија, живее и работи во Скопје, Р. Македонија
2006 Дипломира на УКИМ, Факултет за ликовни уметности – Скопје оддел – Вајарство
2018 Завршени постдипломски студии на УКИМ, Факултет за ликовни уметности – Скопје оддел – Вајарство
Работи:   Самостоен ликовен уметник – Скулптор, графички дизајнер, конзерватор и реставратор

Контакт:

perokovancaliev@gmail.com

www.perokovancaliev.com
https://issuu.com/perokovancaliev

Самостојни ликовни изложби:

2023 Послушност / Национална установа Центар за култура  „Марко Цепенков“ Прилеп
2023 Импулси, одблесоци, треперења/  ЈОУ Дом на култура Македонија /  Гевгелија
2022 Бисерно непознато /  „Фестивал на Светлината Скопје“ Градски парк /  Скопје
2021 Проосветлување / Двајца привремени / Дом на култура “Кочо Рацин” Скопје
2021 Политичка лиричност / Национална установа Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија
2020 Капиталистичка авантура / Дом на култура “Кочо Рацин” Скопје
2020 Ирационални бранови 2 / Фестивал „Бела Ноќ„ Скопје
2019 Ирационални бранови / Културен центар Пионерски дом, Гевгелија
2018 Човечност – изложба на тројца автори / Колектив Галерија, Скопје
2017 Живот како балон / НУ Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија
2017 365 кг. Живот / Национална установа Центар за култура „Марко Цепенков“, Прилеп
2015 Затегнатост на Празнината / НУ Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија
2014 Да или Не? / Национална установа Музеј / Ликовна галерија АМАМ, Гевгелија

Селектирани групни изложби:

2022 Современа скулптура / ДЛУМ / Галерија Арт Хаб, Скопје
2021 Современа скулптура / ДЛУМ / Галерија Арт Хаб, Скопје
2020 Современа скулптура / ДЛУМ / Галерија Арт Хаб, Скопје
2020 Годишна изложба / ДЛУМ / НУ Мала Станица, Скопје
2019 Скулптури на новото време / НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ ,Куманово, Прилеп
2019 Уметноста напаѓа / фестивал / плоштад „Нова Југославија„ , Куманово
2019 Современа скулптура / ДЛУМ / МКЦ, Скопје
2017 Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица, Скопје
2016 Трансформација на сликата / НУ Музеј на современа уметност / Загреб, Хрватска
2016 Индоктринација / мурал од 35 уметници / Младински културен центар МКЦ, Скопје
2016 Патување / Мала станица / НУ Мала Станица, Скопје
2015 Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица, Скопје
2015 Скулптури на новото време, Куманово
2015 Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица, Скопје
2014 Годишна изложба на ДЛУМ / Национална галерија на Македонија, Мала Станица, Скопје
2014 Експериментален цртеж / ДЛУМ , Прага, Чешка
2014 Паратиссима Скопје / Саем на современа уметност / Младински културен центар, Скопје
2014 Бош Фестивал / Гевгелија
2014 -2018 Годишни изложби на ММЦГ / Мултимедиа центар, Гевгелија
2014-2018 Годишни изложби на ДЛУГ / Друштвото на Ликовни уметници на Гевгелија

Член на:
2021 Двајца привремени
2017 ИКОМ / Меѓународниот совет на музеи
2012 ДЛУМ / Друштво на ликовни уметници на Македонија
2007 МMЦГ / Мултимедиа центар Гевгелија
2005 ДЛУГ / Друштвото на Ликовни уметници на Гевгелија