Двајца Привремени

Двајца Привремени, Проосветлување
Проосветлување претставува еден вид Диогенова потрага по човекот, но и по уметничкото дело кои сѐ почесто се затскриени и заменети од сѐ попаметните технологии. Изложбата го повикува човекот да излезе од атрофизираната состојба на виртуелната “присутност” и бара активно учество без кое делото не може да се открие во темниот амбиент. Со помош на сензори за движење делата се осветлуваат покажувајќи ги фразите кои ги содржат.