Двајца Привремени, Проосветлување

Проосветлување претставува еден вид Диогенова потрага по човекот, но и по уметничкото дело кои сѐ почесто се затскриени и заменети од сѐ попаметните технологии. Изложбата го повикува човекот да излезе од атрофизираната состојба на виртуелната “присутност” и бара активно учество без кое делото не може да се открие во темниот амбиент. Со помош на сензори за движење делата се осветлуваат покажувајќи ги фразите кои ги содржат. Вградените фрази и мисли одаваат слика за сегашната состојба на внатрешните односи меѓу уметникот-уметноста и делото како и надворшните фактори; општествениот систем и реципиентите. Read more

Делата создаваат амбиент кој може да се доживее како ребусен систем од фрази каде може да се извлечат одредени заклучоци. Тие служат како патоказ низ физичкиот простор разбудувајќи притоа интериорни патешествија. 

Ваквата взаемна интеракција ја подместува состојбата на набљудувачот од  пасивна, информирана и корисничка и во исчекување на нови ажурирања  (состојба наметната од паметните технологи ) во интроспективена и критичка авантура. Тоа воедно укажува и на една од клучните разлики помеѓу економскиот про0извод и уметничкото дело.

 Основни елементи на делата се зборот/фразата и светлината; две појави кои се испреплетуваат од исконскиот почеток и преку кои го спознаваме како физичкиот така метафизичкиот свет.

 Денес повеќе од било кога, секојдневно сме опкружени од разни употреби на зборот понуден преку светлечки технолошки апрати.

Изложбата поставува интерогативи за начинот на комуникација во едно потрошувачко општество кое постојано треба да ги задоволи своите маркетиншки цели. Размислува за изворите  преку кои човекот го бара спознанието за себеси и тоа што го опрукужувува. Укажува на разликите во промените на перцепцијата на двете појави од кои е создадено делото.  

Светлината открива, зборот разјаснува. 

Несомнено различното толкување на зборовите носи различно перцепирање и согледување на нештата во нова светлина.

Изложбата се осврнува на прашањата, одговорите и фразите кои просветлуваат во темните лавиринти на современиот живот зачинет од „најновите“ трендови, шаблони, случувања, навики и текови претставени во зборови и посложени форми на разни површини.

Двајца Привремени

Под називот „Двајца Привремени„ создаваат двајца автори кои долги години творат самостојно. Оваа соработка е плод на долги заеднички разговори за уметноста т.е за се што се идентификува под тој поим во минатото, сегашноста како и можни нејзини идни појави. Соработката е привремена, како и се друго… Временски не е условена, просторно не е ограничена, физички e присутна, привремено…

Перо Кованцалиев е роден 1982 во Гевгелија, дипломирал 2006 и магистрирал 2018 на Ф.Л.У при У.К.И.М Скопје, Р.С. Македонија. Работи како самостоен уметник, скулптор, конзерватор-реставратор и графички дизајн. Живее и работи во Скопје.

Васко Ѓоргиев е роден 1983 во Гевгелија, завршил факултет  2009 во A.L.B.A. Џенова, Италија. Работи као самостоен уметник, сценограф, скулптор  и иконограф. Живее и работи во Битола.

Тие го разгледуваат и истражуваат физичкиот свет наспроти виртуелниот и неговата улога во уметноста како и можноста уметничкото дело да се оствари денес. Односно неговата условеност, улога и можност. 

Како и дискурсот за најприфатената вистина денес теоријата на релативноста.  „Проосветлување„ е прв нивен заеднички проект.


Двајца Привремени

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
previous arrow
next arrow
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
previous arrow
next arrow