Живот како балон

„Живот како балон„ е продолжение на уметничката концепција која започна со насловот „365кг Живот„ како инсталација која продолжува да се надополнува и трансформира во различни простори преку експонатите таканаречени Биобалони. Инсталацијата го одржува дискурсот за активизмот и политичноста во уметноста кој ја преиспитува моќта и улогата на уметноста и уметникот во општеството. Притоа се обидува да даде свој допринос во контекст на одржливиот развој со тоа што во фокусот е дадена една од многуте индустрии кои секојдневно се во трка за брз прогрес. Тие  ги минимализираат своите расходи применувајќи брутална експлоатација со цел зголемување на личниот профитот, а со што оставаат трајни негативни последици врз човекот и животната средина. Прочитај повеќе

Дали активизмот може да биде уметност? Дали едно дело кое било во служба на некоја општествена утопија или кауза може истовремено да биде и уметничко дело? Дали едно дело кое не е свртено кон уметноста и не се труди да открие повеќе за нејзе или за себе, сеуште може да биде уметничко дело? Дали овие прашања кои уметникот си ги поставува може да бидат уметничко дело? 

Сепак, ако сето оваа остане само пишан збор на хартија, најверојатно ова ќе биде некаков есеј.

Низ инсталацијата со наслов 365кг која има мултимедијален карактер се присутни два различни визуелни пристапи проследени со звучни вибрации.

Инсталацијата  односно акумулацијата е множество на таканаречените балони, кои како форма и содржина секогаш се дел од средината каде човекот го слави своето постоење низ различни настани. Тие се дел од секојдневните веселби и манифестации со цел да се декорира и разубави просторот.

 Меѓутоа, овие балони пред нивната трансформација низ процес на импрегнација и препарација биле дел од еден биолошки жив систем. Тоа е животно кое е насилно репродуцирано, измачувано, тероризирано и на крај убиено, за истото да се понуди на пазарот како производ од кој се профитира. Балоните се орган, односно мочен меур од животно, од кој е испразнета урината а, внатрешноста е исполнета со воздух. Тие претставуваат апстрактна биоформа кои го симболизираат последниот животен здив кај животното. Низ оваа балон форма, на циничен начин е прикажана културолошката и традиционалната слика на човекот кој секојдневно ги тероризира послабите и безгласните со што го слави својот живот. 

Оваа поставка ако ја погледнеме низ социолошката призма сигурно ќе ја забележиме интенцијата за постигнување на одредени цели и резултати во општеството. Активизмот кој е присутен овде е засилен со неколку плакати кој како визуелно дело се пионир во создавањето на пропаганден настан. Овие плакати, содржат исклучиво софтверски генерирани андроид кодови во своите геометриски форми. Истите кодови може да бидат видливи единствено со андроид уред кој е конектиран на интернет. Кодовите содржат врски од документарни филмови, интернет страници, групи и поединци активисти за одржлив развој на животната средина. 

Целта на овој настан е да го поттикне поединецот да ги отфрли традиционалните преданија и стравот кој му е всаден, дека тој како единка е немоќен. Денес живееме во потрошувачко општество, систем кој функционира одлично, но и мало дете знае дека тој не е одржлив. Во овој потрошувачки систем, потрошувачот, тој малиот, незначаен и немоќен ја има најважната улога во истиот систем. Како? Тој, потрошувачот ја има моќта да одлучува што ќе употребува и конзумира секојдневно, со што и одлучува која индустрија ќе постои. Свесен потрошувач за одржлив развој. А тоа е култура, и тоа  не било каква.

*Перо Кованцалиев, 365кг Живот, НУ Центар за култура Марко Цепенков, Прилеп

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
previous arrow
next arrow
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
previous arrow
next arrow